Предавање за Ајнштајновата теорија на релативност на ФЕИТ

Скопското астрономско друштво организира предавање на тема „Ајнштајновата специјална и општа теорија на релативност“ во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ.

„Ајнштајн своите идеи за природата на универзумот ги изнесе пред еден век. Неодамнешното откритие на гравитациските бранови одново ја потврди значајноста на неговите теории.

На следното предавање ќе ги објасниме фундаменталните закони кои произлегуваат од специјалната и општата теорија на релативност, кои се неопходни за да се разберат актуелните откритија“, се вели во настанот.

Предавањето ќе се одржи овој четврток (10 март) во 20 часот, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ. Влезот за предавањето чини 50 денари.