Оваа среда во ХАБ Скопје (ул. Заберебска бр.28 В), со почеток во 12 часот ќе се одржи бесплатна работилница на тема генерирање на бизнис идеи во рамките на Наградата за социјално претприемништво 2016.
На работилницата младите и студентите ќе имаат можност подлабоко да навлезат во терминологијата и суштината на социјалното претприемништво. Младите примарно ќе ги идентификуваат проблемите во својата локална заедница, а потоа и ќе дадат идејни решенија за истите.
Работилницата ќе биде под водство на Марија Матовска, координаторка на Наградата за социјално претприемништво Македонија и Андријана Тасевска, организациски развој, UNNIX, Скопје. Гостин на работилницата ќе биде Љубомир Стојчески, основач на Фрешис, првиот ресторан со социјален бизнис модел.
Oва е можност за сите оние кои имаат некаква идеја за социјален бизнис да ја дооформат истата и да почнат со осмислување на својот бизис модел и бизнис план. Истовремено, оваа работилница е поттик и покана за сите оние кои не размислувале до сега во насока на социјалните иновации , да започнат да го прават тоа.
Местата се ограничени. Резервирајте го вашето место на следниот линк.