Во сабота во Кино Култура во 20:00 часот ќе се одржи промоција на книгата „Игла и конец“ од Тихомир Јанчовски.
За книгата ќе зборува: Звездан Георгиевски, додека водител на настанот ќе биде Ѓоко Здравески.
Песни ќе читаат: Оливер Белопета, Емилија Пападимитров, Добрила Грашеска, Зоран Тортевски и други.
На ѕидот десно ќе има изложба на цртежи од Владимир Лукаш и Тихомир Јанчовски.
Гости во музичкиот дел се „ПЕРИЈА“ и „Од збор до збор“… По официјалниот дел на промоцијата следи џем-сејшн, со џезери и секакви музичари. Изданието, според најавата за настанот, не е финансирано од ниедна државна институција.
Книгата ја има во кафе-книжарницата „Децата од нашата улица“ и во „Матица“. Влезот е слободен.