Фотографии го отсликуваат човековото влијание на Земјата

Роберт и Шана ПаркеХарисон соработуваат веќе 20 години, соединувајќи ја желбата за танцување на Шана и искуството на Роберт со фотографијата. Постојана тема низ дведециниската заедничка работа е човековото влијание на пејзажот, покажувајќи како луѓето придонесуваат во уништување на Земјата.

„Овие дела прикажуваат двосмислена приказна која води до дилема поставена од неисполнетите ветувања на науката и технологијата да ги поправи нашите проблеми“, велат авторите на фотографиите.