Францускиот муралист Жулиен Малард, попознат како Seth, во изминатата година патувал на многу локации низ светот, сликајќи мурали во Кина, Тајланд, Нов Зеланд, Канада, Италија и други локации.
Seth слика огромни човечки фигури, претежно деца, кои немаат лице, бидејќи им е „исечено“ од работ на зградите. Со тоа Малард сака да покаже дека тие се сведоци на нешто што ние не го гледаме.
Муралите на Малард „дефинираат хибридна култура меѓу модерниот израз и традиционалното претставување. Целта на неговиот пристап е да поттикне артистички дијалог“, пишува на веб страницата на уметникот.
Извор: Colossal