Новиот видео спот на композиторот Ралф Хилденбеутел, за композицијата Disco, е создаден од 1200 одделни рачно насликани дела. За видеото режирано од Борис Сиволд била употребена техника за анимација наречена ротоскопирање. Со неа, реалните движења на танчарките Алтеа Корлет и Симон Шмит биле преточени во серија цртежи и слики за да се создаде секоја сцена.
Ralf Hildenbeutel – Disco from Boris Seewald on Vimeo.
Ротоскопирањето е вид на анимација, со кој видеото се „преведува“ во рачно насликана анимација. Попознати примери од поп културата создадени со ротоскопија се сцени од Снежана и седумте џуџиња и Петар Пан на Дизни, како и видеото на бендот Ah Ha, Take on Me, од 1984 година.
Извор: Colossal