Во сабота, 19 март 2016, во салата “Даре Џамбаз” во Скопје ќе се заокружи серијалот јавни дебати „Заслужуваме подобро образование!” организиран од здруженијата Центар за меѓуетничка толеранција и бегалци и Просветни работници Македонија.
Последната од оваа серија на јавни дебата ќе биде на тема: „Како да создадеме образование кое гради активни и бунтовни граѓани?”.
Заедно со присутните ќе говорат:
Фросина Митрушева, професор во средно образование (Раде Јовчевски Корчагин – Скопје)
Душко Стојановски, професор во средно образование (Орце Николов – Скопје)
Дона Костуранова, Младински образовен форум
Синоличка Трпкова, професор на Факултет за драмски уметности
Владо Димовски, професор во основно образование (Алија Авдовиќ – Скопје)
„Ги покануваме и охрабруваме сите просветни работници, ученици средношколци, студенти, родители и други заинтересирани граѓани да учествуваат на јавните дебати и преку дискусија да придонесат кон споделување идеи за подобро образование, какво што заслужуваат младите генерации“, се вели во најавата за настанот.
Дебатата почнува во 11:30 часот.