Самсунг ги претстави новите слушалки кои прават корисникот да мисли дека е во движење, на South by Southwest конференцијата за интерактивни медиуми, музички и филмски фестивали.
Слушалките се наречени Ентрим 4Д, а се најнов производ на Ц-лаб програмата за иновација.
Ентрим изгледаат како и сите слушалки, но се малку погломазни. Но, испраќаат сигнали на движење до мозокот преку внатрешното уво, па корисникот добива чувство дека се движи низ сликите кои ги доживува во виртуелната реалност.
Just tried Samsung’s super trippy Entrim 4D headphones for VR which trick your brain into “feeling” motion #SXSWi pic.twitter.com/KT6nNr8tvc
— Karissa Bell (@karissabe) March 15, 2016
Иако звучи нереалистично, техниката е изненадувачки ефективна, пишува Mashable. Слушалките не произведуваат вибрации или било каков друг вид на физичка повратна врска, така што не создаваат поразлично чувство од другите слушалки. Но, чувството на движење е забележливо, а може да се спореди со „вртење во главата после пиење“.
Ентрим се сѐ уште во експериментална фаза, па не е сигурно кога и дали ќе бидат пуштени во продажба. Самсунг вели дека технологијата ќе помогне во намалување на чувството на зашеметеност и тешкотија на желудникот, кое некои луѓе го доживуваат при пробување на виртуелна реалност, а работат и на создавање на „ротациско движење“.