Еколошка организација ја тужи владата на Велика Британија поради аерозагадувањето

Адвокатската компанија за животната средина ClientEarth поднесе тужба во петокот против владата на Велика Британија за нејзиниот неуспех во борбата против нелегалното загадувањето на воздухот.

Адвокатското друштво поднесе документи во кој се наведува дека Велика Британија се соочува со 40.000 прерани смртни случаи од загадувањето на воздухот секоја година и дека “Владата е во кршење на наредбата на Врховниот суд да се исчисти квалитетот на воздухот, бидејќи не успеа еднаш да преземе соодветни мерки во и да се соочи со јавната здравствена криза. ”

ClientEarth ја поднесе тужбата во Врховниот суд во Лондон, а во тужбата се спомнува секретарот на Велика Британија за животна средина како обвинет, а именувани се и министри од Шкотска и Велс, градоначалникот на Лондон, како и Министерството за транспорт како “заинтересирани страни” во овој случај.

Минатата година, Врховниот суд пресуди во корист на ClientEarth и нареди владата да доставi нови планови за квалитетот на воздухот за да се намали загадувањето на воздухот. Новата тужба го прашува судот да ги поништи овие планови и да ѝ нареди на владата да се направат нови. Правната фирма вели дека првите планови се несоодветни за да се намали емисијата на азот диоксид.