Денеска се отвора седмото издание на интернационалниот фестивал за класична гитара „Тремоло“ во Скопје кој ќе трае до 27 март. По седми пат во Скопје и Македонија ќе се одржи и интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови.
Фестивалот е во организација на Детскиот културен центар – „Карпош“ и Град Скопје и прераснува во културна манифестација која ги обединува љубителите на класичната гитара, учениците и педагозите.
Годинава членови на жирито се светски прочуените гитаристи Антонио Фрушела од Италија, Штефан Шмит од Германија, Џевдет Сахатчија од Косово, Зоран Аниќ од Србија и Борче Наумовски и Миле Каровски од Македонија. За победниците по категории се предвидени вредни награди, а главната награда, акустична гитара, рачно изработена во Германија од Armin& Mario GROOP ќе му припадне на најдобриот кој ќе се натпреварува во седмата категорија ( без возрасен лимит ) .
На 25 и 26 март ќе се одржат и два концерти во „Културно информативниот центар“-КИЦ –Салон 19/19 , а на 26 март, во Концертна сала на ФМУ. Фестивалот ќе биде затворен на 27 март во Концертна сала на ДКЦ “Карпош“ со настап на победниците на натпреварот.