Долгогодишниот соработник на списанието Rolling Stone, Џери Хопкинс, во 1969 година направи интервју во Лос Анџелес со легендарниот Џим Морисон. Покрај тоа што е голем музичар, Морисон пишува, чита поезија и проза, заинтересиран е за режија, и иако беше ѕвезда немаше проблем да настапува во мали клубови како „Whiskey a Go Go“. Се на се, еден брилијантен ум. По неколку рунди виски и пиво, Џим се отворил пред Хопкинс и открил некои од неговите генијални идеи.
Токму во ова интервју со Џим ја предвидува појавата на електронската музика, што е само еден од низата докази за неговиот брилијантен ум.
„Многу луѓе, како Моцарт, биле чудо од дете. Такво нешто ќе се случи и во иднина. Некое брилјантно дете ќе стане популарно. Гледам уметници со многу ленти и електронски инструменти околу себе – како напредниот Могов синтисајзер, а звучат како цел оркестар. Таков некој веќе постои, работи во подрумот и смислува сосема нови музички форми“, вели Морисон.
„Ќе слушнеме за тоа по неколку години. Тој човек ќе биде многу популарен. Нема само да објавува албуми, туку ќе свири и на големите концерти“, додава музичарот во интервјуто за Rolling Stone.