Зошто реалниот свет не функционира исто како онлајн игра? Во најдобро дизајнираните игри, човековото искуство е оптимизирано и прилагодено кон околината. Главниот јунак има важна задача што треба да ја направи, опкружен е со потенцијални соработници и учи брзо и во пријатна околина. Тој е центарот на универзумот.
Што е тоа што во игрите прави да се чувствуваме дека би можеле да постигнеме било што? Како може да ги земеме овие чувства и искуства од игрите и да ги аплицираме во реалниот свет? И главното прашање, како би можеле да ги решиме реалните и горливи глобални проблеми преку гејминг?
Ова се дел од прашањата кои ќе бидат опфатени на вториот од серијата шест TEDxSeptemvriskaSesijaSalon за оваа година каде ќе биде отворена темата „Гејминг: Општественото влијание (Gaming: The Social Impact)”.
Целта на настанот, според организаторите е преку дискусија поттикната од експерт гостите, а насочена помеѓу учесниците да се говори за поимот гејминг, да се идентификуваат бенефитите и можностите кои гејмингот ги нуди во секојдневниот живот, при решавање на општествените проблеми, кои се потенцијалите на видео игрите за дејствување врз проблемите со кои се соочува светот денес и нивната примена во реалниот живот.
Дополнително ќе се разгледаат и влијанието на гејмингот и во полето на бизнисот и развојот на овие сектори во Македонија и во странство, а ќе се погледнат и успешни примери на интернационални и домашни активности во полето на гејмингот, различни форми на игри кои постојат и се развиваат во последниве години, и какво влијание имаат врз младите.
Вториот TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настан ќе се оддржи на 30.03.2015 со почеток од 19 часот во просториите на Регионалниот центар за социјални иновации. Настанот е независно организиран ТED настан и истиот е лиценциран од страна на TED. Повеќе детали во однос на експерт гостите, локацијата и деталите може да најдете на нивниот официјален Фејсбук настан или пак на Фејсбук страницата.
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар.
Учеството на настанот е бесплатно, но бројот на учесници кои ќе бидат селектирани е ограничен на 20. Крајниот рок за аплицирање е 28.03.2016, 12:00 часот.