Дали сметаш дека е кул кога некој некого “зеза”, “закача”, дофрла, малтретира, навредува? Си бил ли сведок на таква ситуација во твоето училиште? Дали знаеш какви последици може тоа да остави врз тебе и твоите ученици?
Насилството помеѓу учениците е еден од најсериозните проблеми кои го загрозуваат нивниот развој, здравјето и добросостојбата, основните права, достоинството и оставаат долгорочни последици врз индивидуата.
Организацијата „Младите можат“ организира јавната дебата насловена „Психофизичкото насилство во училиштата: реалност или табу?” која ќе се одржи на 31.03 (четврток) од 14:00 до 16:00 часот во Младинскиот клуб.
Настанот има за цел да развие дискусија за постоењето на сите видови на насилство во училиштата и да ги поттикне младите и воспитно-образовниот кадар да укажат на фаталните последици кои оставаат длабока трага врз жртвите и да преземат чекор во искоренување на истото.
На дебатата свое излагање ќе имаат: Ромина Јованова, ученик во СУГС „Никола Карев“, Гордана Блажевска Спиридонова, професор-психолог во СУГС „Никола Карев“ и психологот Марија Стефанова.