Корејски лего ентузијаст направи целосно функционален грамофон, засилувач и звучник од лего коцки. Грамофонот, претставен на изложба во Сеул, е дело на Хајароби, кој е веќе познат по своите одлични креации.
Грамофонот е наречен „The Planet“, а се состои од 2405 лего коцки, вклучително и лего батерија и М-мотор. Сепак, не е погоден за настап на професионален диџеј. Како функционира овој уред, може да погледнете во видеото подолу.