Да се биде калуѓерка значи да се има дисциплина, посветеност, сочувство и трпение. Но, понекогаш е потребно и познавање за одгледување на марихуана.
Сестрите од Долината (Sisters of the Valley), субјект на фасцинантен фото серијал направен од фотографите Шон Крофорд и Џон Дубоа, живеат во Мерсед,Калифорнија. Тие се сметаат себеси за калуѓерки, иако не се католици или традиционално религиозни. Специфични се по тоа што култивираат марихуана според месечевите циклуси, а потоа ја преработуваат и создаваат лекови кои потоа ги продаваат на интернет.
Нивните производи, кои се сосема органски, третираат различни болести како болка во грбот, мигрена па дури и мамурлак.
Иако се лиценцирани одгледувачи на медицинска марихуана, општините во Калифорнија сакаат да го забранат одгледувањето.
Извор: Bored Panda