Активисти во Велес викендов организира риболов во дупките на улиците, кои, како што потсетуваат, се толку големи што по секој посилен дожд, се полнат и со риби.
На улицата „Павел Шатев“ во населбата „Тунел“ во Велес на 2 км од центарот на градот, се одржа првиот локален натпревар на езерски води на градски дупки во категоријата риболов.
„Езерето „Матна вода“ е настанато по природен пат, после секои врнежи од дожд. Редовните врнежи од дожд придонесоа одржливост на нивото на водостојот и појава на флора и фауна. На задоволство на граѓаните од Велес, во ова езеро егзистираат повеќе видови на риби, помеѓу кои и езерскиот крап“, појаснуваат активистите кои ја организираа урбаната акција со цел да укажат на проблемот со улиците во градот.
Рибите кои беа уловени потоа се пуштија во велешкото езеро „Бистра Вода“.