На третата фестивалска вечер од 39. Денови на македонска музика ќе биде одржан камерен концерт во Музеј на Град Скопје, со изведба на композиции од пет македонски автори.
На програмата се дела од Борјан Цанев, Тодор Трајчевски, Драган Стојковски, Гоце Симоновски и Љубомир Бранѓолица. Ќе настапат виолинистите Симон Поповски и Александар Иванов, пијанистите Сара Николовска-Пројковска, Марија Вршкова и Емилија Попивода, флејтистката Марија Јакимовска, кларинетистите Љупчо Чедомирски и Игор Бакревски, Нинослав Димов на саксофон, Татјана Петрушевска на обоа и Марјан Милошевски на фагот.
На Факултетот за музичка уметност, пак, денеска претпладне ќе се одржи работилница со студентите по композиција на ФМУ.