Поради критики за несоодветните одговори на гласовниот асистент Сири на фразата „Ме силуваа“, Епл ја обнови за да реагира коректно на прашања за сексуално злоупотребување.
Порано кога на Сири ѝ биле поставувани прашања во однос на силување и сексуален напад, таа одговарала со „Не знам што мислиш со „Силуван/а сум“, или „Може ли да пребарам на интернет нешто за тоа?“.
Проблемот стана глобално познат на 14 март, кога Дневникот на Американската медицинска асосцијација објави истражување, според кое Сири, S Voice на Самсунг и Google Now не успеваат да одговорат на прашања поврзани со здравје, депресија и семејно насилство.
Тогаш Епл објавија дека соработуваат со Националната мрежа на жртви на силување, злоупотреба и инцест за нова верзија на Сири, која сега на корисниците им одговара со телефонски број на Бесплатната линија за пријавување на сексуална злоупотреба.
Извор: Gizmodo