Од Гугенхајм до Ватиканскиот музеј, ова се десетте најспектакуларни музеи според ВВС.
Музејот Орсеј, Франција
Сместен на левиот брег на Сена, овој величествен музеј во Париз е отворен во 1986 година, во поранешната Beaux-Arts железничка станица и хотел. Смислен да служи како премостување меѓу колекциите на Лувр и Центарот Помпиду, се фокусира на уметноста од доцниот 19-ти и раниот 20-ти век. Дом е на најголемата колекција на имресионистички и пост-импресионистички слики.
Гугенхајм, Шпанија
За време на периодот на градската регенерација на Билбао во раните 80-ти, идејата за музејот дошла како соработка меѓу баскиските власти и фондацијата Соломон Р Гугенхајм. Американскиот архитект Френк Гехри победил на конкурсот, а неговиот проект бил изграден и отворен за јавноста во октомври 1997 година. Импресивната зграда стои на брегот крај реката Нервион, во старото, индустријално срце на градот.
Музејот Оскар Ниемејер, Бразил
Музејот беше отворен во 2002 година. Прекарот му е „Окото“, бидејќи личи на огромно човечко око потпрено на жолт столб. Легендарниот бразилски архитект кој го дизајнирал и чие име го носи бил клучна фигура во модерното движење. Имал 95 години кога зградата била завршена.
Британскиот музеј, Лондон
Архитектот Роберт Смирк го дизајнирал јадрото на овој музеј, кој се отворил во 1852 година. Има неокласичен стил. Во 2000 година музејот бил дограден и реновиран од архитектите Foster and Partners и му бил додаден спектакуларен стаклен покрив.
Кралскиот музеј во Онтарио, Канада
Овој музеј на природна историја, уметност и култура е најголем во Канада. Има повеќе од шест милиони експонати во неговата колекција. Музејот е опишан како „карактеристичен нов симбол за Торонто во 21-виот век“.
Музејот Сумаја, Мексико Сити
Приватната културна институција била основана во 1994 година. Се протега на два плоштади – Плаца Лорето и Плаца Карсо. Шестспратниот музеј е дом на дела од претежно мексикански и европски уметници, меѓу кои и најголема колекција на дела на Роден надвор од Франција.
Музејот Ермитаж, Санкт Петерсбург, Русија
Еден од најголемите и најстарите музеи во светот, Ермитаж, е отворен во 1764 година од кралицата Екатерина Велика. Дом е на повеќе од три милиони уметнички дела и културни артефакти. Огромниот државен музеј се состои од повеќе згради, меѓу кои и големата зелено-бела Зимска палата, поранешниот дом на руските царови. Колосалната палата е дизајнирана од Франческо Бартоломео Растрели, во барок стил.
Музејот на исламска уметност, Доха
Музејот отворен во 2008 година во главниот град на Катар е дизајниран од наградуваниот архитект ИМ Пеи. На возраст од 91 година, Пеи патувал низ арапскиот свет шест месеци, барајќи инспирација за проектот. Во него има колекција на исламска уметност од повеќе од 1400 години.
Ватиканските музеи, Италија
Музеите во Ватикан биле отворени од папата Јулиј II во 16-тиот век. Комплексот се состои од 52 галерии и е еден од најголемите музеи во светот. Колекцијата на религиозни скулптури и слики се состои од дела од Рафаел, Тицијан и Караваџо. Овде се наоѓа и Систинската капела, чии ѕидови се декорирани од Перуџино и Ботичели, а на таванот се наоѓа прочуениот мурал на Микеланџело.
Националниот музеј на уметност во Осака, Јапонија
Откако оригиналната зграда од 1970-тите била демолирана, новата структура дизајнирана од Сезар Пели се отвори во 2004 година. Поголемиот дел од музејот, вклучително и уметничките колекции, се подземни.