Македонските граѓани се рангираат на второто место на листата на најгневен народ во Европа, покажува извештајот на американската компанија за аналитика „Галуп“ за 2023 година . 26% од македонските граѓани се чувствуваат гневно во текот на денот.
Прво место на листата е Турција, каде 34% од жителите рекле дека дневно чувствуваат одредена количина гнев. По Македонија, следат Албанија и Црна Гора каде 24% од населението е луто секојдневно. Во Шпанија 23% од луѓето чувствуваат гнев.
Меѓу соседните држави Бугарија, Србија и Косово се на дното на листата со 11% и 13% од жителите кои пријавиле дека се чувствуваат гневно во текот на денот, додека процентот во Грција е 21%.
Државите со најнизок процент на гнев на дневно ниво во Европа се Финска и Естонија 7% по што следат Португалија со 8% и Холандија и Хрватска со 9%.
Наодите на „Галуп“ се засноваат на речиси 146.000 интервјуа со возрасни луѓе од 142 држави и области во 2023 година.