А ШТО ВЕЛАТ МЛАДИТЕ е средношколска емисија во која се зборува за сите згоди и незгоди на средношколците, за нивните проблеми, успеси и предизвици. Водители се двајца средношколци – Станиша Станковиќ и Елена Тимова.
Епизода 6
Денешната наша тема е матура и матурантите коишто својата последна година од средното образование ја поминуваат во време на ковид пандемија. Кога започнавме средно, не ни помисливме дека токму ваков крај не очекува. Изминатава година беше бурна, од дебатата дали наставата ќе биде онлајн или со физичко присуство, до одлуките околу полагањето на матура и пропуштањето на фамозната матурската вечер.
Нашите денешни гости ги прашуваме за нивните ставови околу овогодинешната матура, но и и за убавите спомени од изминативе четири години: Сара Шаќири од Јахја Кемал Колеџ од Струга, Емилија Зумрова од „Јане Сандански“ од Струмица, Климент Шиникоски – СОСУ СВ,, КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ОХРИД Економско, правна и трговска струка, Ана Марија Петковска – СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово, Природно математички смер.
Епизода 5
Сеопфатното сексуално обазование кај нас е сè уште табу тема. Младите заради недоволната запознаеност со темата, често веруваат во некои заблуди кои ги прочитале на интернет, а не им било пријатно да прашаат некој повозрасен.
Во денешнава емисија за ССО ќе поразговараме со Дарко Милошевски и Дејана Маркова сертифицирани врснички едукатори за сеопфатно сексуално образование, Ангела Кочоска амбасадорка во сојузот на средношколски права и граѓанска активистка за човекови права и Лука Павиќевиќ – Амбасадор во сојузот на ученици, средношколски активист и истражувач од Скопје.
Епизода 4
Новата епизизода на „А што велат младите“ којашто е препознаена по истражување на ставовите од младите, ги претставува младинските размислувања за климатските промени и климатското образование. Гости се Ева Стојанова и Јелена Ѓошиќ – Млади Амбасадорки за Климатски промени, преку организацијата „Гоу Греен “. Дискутиравме за нивните заложби, барања и придонеси за подобрување на процесот за климатските политики како и за Симулациската Конференција за климатски промени помеѓу 20 млади амбасадори којашто ќе се одржи на 20 Февруари, 2021 во живо на Facebook live.
Епизода 3
Првата средношколска емисија од 2021 година ја посветуваме на три млади личности и нивниот труд којшто ги доведе на светско ниво. Ѕвезда, Лазе и Елена се тројката што стои зад Walkiie – мобилна апликација што цели да им го олесни движењето на лицата со попреченост. Тие се дел од седумте победници на глобалниот натпревар „IDEAS4ACTION“, организиран од Светска банка и Зиклин центарот при Вартон во Пенсилванија, на кој имаaше пријавено 4000 кандидати. Во новата „А што велат младите“, Станиша Станковиќ и Елена Тимова разговараат со Ѕвезда и Елена од Walkiiе.
Епизода 2
Невладините организации им помагаат на младите да го развијат своето критичко мислење и на тој начин нивниот став полесно стигнува до ушите на општеството. Но, каква е ситуацијата во помалите градови? Дали учениците од помалку развиените градови ја имаат можноста за учество на проекти, волонтирање итн? Колку младите од овие градови се мотивирани? Во емисијата „А што велат младите“, предводена од средношколците-водители Станиша Станковиќ и Елена Тимова, разговараме со средношколци од Берово, Неготино и Кочани.
Епизода 1
Светскиот ден на волонтерството оваа година, покрај состојбата со пандемијата, го одбележавме на еден сосема поинаков и поинтерактивен начин. Со тоа ја најавуваме и првата епизода од средношколската емисија ,,А што велат младите” која е предводена од средношколци – водители. Гости во првата емисија беа дел од учениците од Општинското средно медицинско училиште ,,Д-р Јован Калаузи” од Битола. Тие заедно со професорката Марија Магдалена Петковска Микаровска ја предводеа еколошката иницијатива #МетиСиСоКласнето.