Асоцијацијата на архитекти на Македонија ги повикува своите членови да ја бојкотираат манифестацијата „Архитекти на Град Скопје 2015“. Реакцијата доаѓа откако вчера Градот Скопје објави повик за учество во традиционалната манифестација што ја организира по повод празникот на градот 13 ноември.
„Поради се она што се случува со архитектурата, урбанизмот, архитектонското творештво и архитектонско наследство, особено во централното градско подрачје каде Град Скопје е најдиректно инволвиран. ААМ смета дека е хипокризија да да се учествува на оваа манифестација распишана од институција која ниту почитува, ниту вреднува квалитетно архитектонско творештво.
За да биде хипокризијата уште поголема никогаш до сега ниту еден објект од проектот Скопје 2014 не бил учесник на АСК, манифестација организирана од институцја која е една од најголеми подржувачи на “Скопје 2014“. Град Скопје и колегите архитекти вработени тамо секогаш се спремни без поговор да ги спроведат сите потребни акти за архитектонска и урнабистичка интервенција во централното градско подрачје.
Поради непочитување на архитектонската професија и елемнтарните начела на архитектонската наука ААМ ги повикува своите членови да ја бојкотираат манифестацијата. ААМ смета дека Градот Скопје нема ниту стричност да процени, ниту мудрост да препознае, ниту став и храброст да вреднува квалитетно архитектонско творештво“, стои во реакцијата на ААМ.