Во август, Google ја изненади јавноста кога ја најави новата партнерска компанија Alphabet. Но, веб-страницата на компанијата има невообичаен домен, односно ABC.xyz. Иако, логично би било да има домен како на пример Alphabet.com, тој домен е во сопственост на BMW, додека abc.com е во сопственост на ТВ мрежата ABC.
Сепак, претходно оваа недела, според информациите добиени од Фондацијата која инвестира во домени, Google го купил доменот abcdefghijklmnopqrstuvwxyz.com.
Овој домен е создаден во 1999 година и бил во сопственoст на непознат приватен субјект, се додека не бил купен од Google.
Во моментов, адресата на страницата не води кон ништо. Со ова компанијата се обидува да се заштити, така што ќе регистрира домен кој ќе води до Alphabet.
„Сфативме дека пропуштивме неколку букви во abc.xyz, затоа сакаме да биде целосно“, изјави портпаролот на Google.