„Activate Talks“ во кино Фросина – настан кој ги обединува младите лидери

УНИЦЕФ и Младинскиот образовен форум на 27ми ноември (четврток) со почеток во 12 часот во Кино Фросина (МКЦ) се домаќини на настанот Activate Talks.

Untitled11

Аctivate Talks треба да ги обедини на едно место младите лидери да дискутираат, и воедно да ја информираат и мотивираат публиката за учеството на децата и младите во пресрет на 25-та годишнина од Конвенцијата за правата на детето.

Настанот ќе биде отворен со воведни говори на Амбасадорoт Аиво Орав, шеф на Делегацијата на Европската унија и д-р Бертран Демулен, претставник на УНИЦЕФ.

Шест иноватори ќе презентираат идеи кои ги трансформираат животите на децата и младите луѓе:

  • Марко Видачек, Граѓански активист, аматер фотограф и уметник
  • Александар Матовски – Цако, Активист за човекови права
  • Марија Мирчевска, Програмски координатор во Младински образовен форум
  • Арбен Ристеми, Национален младински совет
  • Јасмина Чашуле, Trash Fashion Македонија
  • Валентина Тасева, Девојките во ИКТ(Информатички Комуникациски Технологии)

 

Регистрацијата за учесници на Activate Talks e отворена до 25ти ноември на следниов ЛИНК.

Можност за учество на настанот ќе имаат првите 100 пријавени учесници. На хиперлинковите може да најдете информации за самиот настан и за говорниците на него.