Во рамките на овогодинешниот „Amsterdam Dance Event“ низ четири денови ќе се случува ADE Lab, новата платформа за образование и развој на таленти на ADE за млади продуценти и аспиранти професионалци.
Почетокот на она што се нарекува ADE Lab е денес (среда, 19 октомври), а тече се до сабота, 22 октомври, до кога трае и целиот фестивал. Менаџментот веќе го потврди учеството на Карл Кокс, Елен Алиен, Оливер Хелденс, Ники Ромеро и Ван Ан во својата програма за мастеркласа на ADE Lab.
Програмата исто така нуди мастеркласи и детални сесии со тимовите на Spotify, SoundCloud, Bandcamp, Beatstars, ID&T, Armada Music, STMPD Studios на Martin Garrix и издавачката куќа KNTXT на Charlotte de Witte.
Организаторите очекуваат дека Карл Кокс ќе зборува детално за неговиот прв албум по десет години и за неговото преориентирање кон живи сетови [live sets]. Во меѓувреме, Оливер Хелденс ќе се прошири на балансирање на сопственото име и неговиот алијас HI-LO; ќе има специјално издание, во живо на подкастот „Not a Diving“ на Scuba со Елен Алиен; присутните ќе манипулираат со звукот со пионерката на дип хаусот, Кери Чендлер и ќе присуствуваат на работилница за винил диџејство со Ван Ан [Van Anh]. Ова може да биде и последна шанса да го видиме DJ The Prophet, наречен Кумот на Хардстајл, на сцената, по веста за неговото пензионирање.
Можете да дознаете повеќе за ADE 2022 овде и за ADE Lab овде.