Компанијата за спортски обувки и патики „Адидас“ побара од американската Kанцеларија за авторизација и заштита на правата да ја отфрли апликацијата за лого на движењето „Црните животи се важни“ бидејќи во него се содржат три паралелни линии.
Од „Адидас“ истакнале дека го поднесуваат барањето бидејќи сличноста на логото може да ја збуни јавноста, пренесува „Гардијан“.
Во понеделникот, од компанијата истакнале дека препознатливото лого на „Адидас“ се користи уште од 1952 година, со што „стекнало јавна препознатливост“, па логото на БЛМ може да ги поттикне корисниците да мислат дека производите на компанијата се сродни со движењето против полициска бруталност врз црното население.
Фондацијата за глобалната мрежа на Црните животи се важни е еден од најразвиените елементи на децентрализираното движење „Црните животи се важни“ кое се активирање пред една деценија со цел да се спречи полициската бруталност врз црното население во Америка.
Движењето аплицирало за свој заштитен знак и авторизирано лого во ноември 2020 година, поднесувајќи дизајн кој вклучува три жолти паралелни линии, а идејата е да се продаваат публикации, облека, чанти, нараквици и шолји со кафе.
Од „Адидас“ не дале подетален коментар за сопирањето на апликацијата.