Со цел да ја промовира својата поврзаност со многу меѓународни дестинации, аеродромот Арланда во Стокхолм изгради три премини кои симулираат различни клими во светот во реално време.
„Климатскиот портал“ користи комбинација на температура, симулатори за ветер и аудиовизуелни знаци за да ги долови временските услови.
Симулаторите се базираат на податоците од временската прогноза во облакот што им овозможува на луѓето што се внатре да го почувствуваат времето во тие локации. Специјалната машина е опремена со греалки и клими за да ги симулираат условите.
Првичната идеја на аеродромот за да го направи ова е од промотивни причини, но тоа може да има практична примена. Тоа ќе им овозможи на луѓето да знаат каква облека треба да понесат со себе. Машината има три опции – Go Hot, Go Cold и Go Big.
Go Hot симулира пустини, како оние во Дубаи, Go Cold создава тешки зимски услови, а Go Big го покажува времето во поголемите градови во светот.
Оваа инсталација ќе биде достапна на аеродромот до крајот на август.