Од Агенцијата за храна и ветеринарство известуваат дека од пазарот итно се врши повлекување и отповикување на неколку вида сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид.
Од пазарот се повлекуваат и отповикуваат сладоледот „Кит-Кет“ на стапче, сладоледите „Милка“ од ванила и чоколадо на стапче, како и сладоледот „Милка“ од лешник на стапче. Сладоледите со потекло од Франција и Полска се повлекуваат поради зголемено присуство на Етилен оксид, кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Сладоледите се увезени во земјава од компанијата „Алма М“, која е увозник и дистрибутер на производите.
„Горенаведените производи, во количина од 3 080 литри и 30 064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ, затекнати се во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет“, стои во соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Оттаму апелираат потрошувачите кои ги имаат имаат купено горенаведените производи да не ги конзумираат, туку да ги вратат на местото каде што ги купиле или да ги уништат.