На 31 мај, од 18:30 часот во Кино Манаки – КИЦ Битола, е закажана јавна панел дискусија на која ќе се дискутира за независната музичка битолска сцена.
Според организаторите, од иницијативата „Независна сцена“, велат дека целта на настанот е да се покаже дека постои критична маса која сака промени.
„Битола со право може да се нарече „македонски Ливерпул“. Најдобрите бендови, композитори, изведувачи… кои се дел од македонската музичка историја и сегашност се од Битола. Но, за цело време, се провлекуваат истите проблеми, недоречености, иницијативите се раѓаат и гаснат, луѓето се повлекуваат, бендови стигнуваат до некаде и стагнираат… Куп проблеми, разочараност и чекаме „некој друг да ни ги реши проблемите“… Ајде да прајме муабет за тоа, да се „испукаме“ и „исплукаме“, па да видиме „Шо напрајме и шо треба да напрајме“, за да работите се променат на поарно“, велат организаторите.
Настанот е поддржан од европската фестивалска мрежа MOST и Creative Europe.
Повеќе информации можат да се најдат на нивниот вебсајт.