Иницијативата За почиста Македонија на 1 март организира нова „Акција во природата“, овој пат за чистење на Марков Манастир, со почеток во 11 часот.
„Иде пролет. За цветната сезона да не ја дочекаме во ѓубре, редно е да посветиме малку љубов кон природата. Марков Манастир е прекрасно и популарно излетничко место кое за жал е често посетувано од несовесни граѓани кои го користат како лична депонија“, велат од За почиста Македонија.
Од таму посочуваат дека е време да засукаме ракави и да дадеме пример како вистински се поштуе едно вакво место.
„Дојдете во опуштена атмосфера поред рекичка, со убаво друштво и музика да го направиме пределот непрепознатлив“, велат тие.
View this post on Instagram
За акцијата да тече подобро како DJ ќе биде @leonspremo, за кој велат добро знае да го создаде правиот амбиент за тимска работа во природа.
„Ние организираме превоз и материјали за работа, а вие понесете само добро расположение и по некоја ужинка за да можете после акцијата лабаво да си поседите и уживате во природа. За да ни биде убаво. За почиста Македонија“, стои во повикот.
Сите заинтересирани, доколку сакат бесплатен превоз до акцијата, може да се пријават на формуларов.