Во понеделник (22 април), културниот центар „Лабораториум“ и организацијата „За почиста Македонија“ организираат еко-акција за чистење на Скопскиот аквадукт, по повод денот на планетата Земја. Акцијата ќе започне во 17:30 часот.
„За овој историски објект да опстане потребни се грижливи, разумни и свесни умови и раце како вашите, бидејќи, оставен на надлежните, тој пропаѓа. Дојдете, да покажеме како се работи и да го ослободиме аквадуктот од непотребни украси. За да сме доследни со нашата зелена акција, доколку планирате да одите до аквадуктот со кола, пријавете се во ‘inbox’ за колку слободни места имате“, пишува во најавата објавена на Инстаграм.
Како што посочија организаторите, материјалите за акцијата се обезбедени.
View this post on Instagram