Од утре (понеделник) започнува акција за донирање на книги за лицата болни од Алцхајмерова болест, со цел да им се помогне во нивната борба.
Организатор на акцијата е Фејсбук групата „Книгохоличари” во соработка со д-р Драган Илијевски од Здружението за Алцхајмерова болест.
Книгите може да се донираат во библиотеките „Славко Јаневски” на ул. Димитрие Чуповски 23/1-1 и „Ацо Шопов” во ТЦ „Беверли Хилс“ на втор кат.