Во сабота од 10 часот во Горно Коњаре, Општина Петровец, ќе се приготвува традиционален ајвар, кој потоа ќе биде споделен со граѓани кои имаат потреба од храна. Организатор на настанот е иницијативата „Храна, а не оружје“.
Тие претходно собраа 60 килограми пиперки и ги повикуваат сите кои можат да се приклучат на акцијата, помагајќи при готвењето или со донирање на тегли и масло за готвење.
По приготвувањето ќе се одржи и кратка дискусија со еден од првите основачи на ова глобално движење („Food not bomb“), Кит МекХенри, а ќе има и забава со бенд.
Повеќе за иницијативата во видеото на Радио МОФ: