Ново истражување од Универзитетот во Јужна Данска покажува дека доколку возиме велосипеди колку во Холандија, глобалните испуштања на јаглеродни емисии ќе се намалат за 690 тони годишно, јавува „Euronews“.
Во студијата, објавена во научното списание „Communications Earth and Environment“, се вели дека „возењето велосипеди колку Холанѓаните“ може да ги намали емисиите на јаглерод диоксид на глобално ниво за скоро 700 тони, односно количината на загадување што на годишно ниво ја произведуваат Велика Британија или Австралија.
Во истражувањето се вели дека дневно, Холанѓаните просечно поминуваат 2.6 километри на велосипед. Доколку ова се практикува на глобално ниво, може да се надмине количината на загадување што ја испуштаат земјите како Саудиска Арабија, Австралија или Велика Британија.
„Значајните неискористени климатски и здравствени придобивки од зголемената употреба на велосипед укажуваат на итна потреба да се промовира одржливото возење на велосипеди“, заклучуваат авторите.