Актерката Тамара Ристоска ќе учествува на престижната програма „Берлинале таленти“ коja ќе се одржи во рамките на овогодишното издание на Берлинскиот филмски фестивал кој претставува еден од најзначајните филмски фестивали во светот.
На 23-тото издание на оваа програма Тамара Ристоска е избрана помеѓу 3,836 апликанти од 123 држави и оваа година е единствената учесничка од Македонија.
Програмата „Берлинале таленти“ е платформа за развој на филмски таленти, која ја истражува уметноста и процесот на создавање филмови. Основана во 2003 година, програмата е препознатлива како еден од водечките форуми за филмски професионалци и ентузијасти.
Овогодишната тема ќе ги истражува значењето и важноста на слушањето во уметноста. Учесниците ќе имаат можност да се вклучат во дебати, работилници и дискусии со светски познати предавачи.
Ристоска е истакната млада актерка од Македонија и е позната по улогите во филмовите „Мими“, „Проблемот на Тина“, „Обичната Ели“, „Return to Silent Hill“, „Verified Target“ и други. Покрај тоа, таа настапувала и во домашните ТВ-серии „Фамилијата Марковски“ и „Тинејџерски Камп“, како и во српските продукции „Konstantinovo raskršće“ и „Branilac“.