Активист на еколошкото движење Гринпис утринава се „фрли“ од вториот кат од Ајфеловата кула во Париз, во знак на протест со кој бара ослободување на членовите на Гринпис затворени во Русија, објави Ројтерс.
Тој истовремено има и плаката на која е напишано „Ослободетете ги 30-те од Арктикот“ и „Милитантите во затвор, климата во опасност“.
Активистот утринава го смести својот црвен шатор на Ајфеловата кула, заедно со уште еден друг член на Гринпис. Двајцата успеаа да се искачат на Ајфеловата кула пред нејзиното отворање со помош на скала.
„Ние сме тука за да испратиме порака до француската влада, со цел да направи се што е во нејзини можности за ослободувањето на 28-те членови на Гринпис и двајцата новинари“, вели Сирил Кормие, задолжен за камањата за енергија на Гринпис во Франција.
Францускиот премиер Жан-Марк Ејро идната недела ќе ја посети Русија. Ние бараме од него да го стави ова досие на агендата, додава тој.
Милитинтите на Гринпис беа затворени по интервенцијата на руските специјални сили, кога истите се обидоа да се искачат на една платформа на Газпром, во знак на протест за еколошките ризици.
30 членови на екипажот, меѓу кои еден готвач, лекар и двајца новинари, од кои 26 се странци, се затворени во Мурманск и обвинети за „хулиганизам“, дело за кое во Русија можат да се добијат до 7 години казна затвор.