Гринпис закачи огромен транспарент на кој е напишан слоганот на Француската револуција, „Слобода, Еднаквост, Братство“ (Liberté, égalité, fraternité), и зборот „Resist“ (Отпор!) во Париз во петокот. Со тоа испраќаат апел за гласање против кандидатката на радикалната десница, Марин Ле Пен, на претседателските избори во недела.
„Сакавме да кажеме дека сме против подемот на национализмот и авторитаријанизмот во Франција и во другите земји. Ова е нашиот начин да ги потсетиме сите дека треба да се мобилизираат и да ги одбранат вредностите на слободата, еднаквоста и братството“, вели Жан-Луи Жулиар, директор на организацијата во Франција, за радио станицата fracinfo.
Ле Пен ќе се соочи со центристичкиот Емануел Макрон на гласањето на 7 мај. Според анкетите, се очекува победа на Макрон.
Акцијата на Гринпис беше извршена на последниот ден од кампањата.