Активисти од иницијативата „Збогум Буково“ ќе засадат 100 дрва во Охрид на Меѓународниот ден на жената

Граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ за утре, на Меѓународниот ден на жената организира акција за садење на 100 дрва насловена „Те сакам, за тебе засадив дрво“.

Дрвата ќе се засадат кај охридската марина, односно кај каналот „Студенчишта“, а акцијата започнува во 12 часот.

„Дојдете во сабота кај охридската марина и засадете дрвце за да ја прославите незаменливоста на жените во вашите животи. Имаме 100 чинари и јавори кои треба да го красат каналот во Охрид и да сведочат за нашата посветеност како заедница во градењето на здрава и убава иднина за нашите деца“, велат во најавата за акцијата.