Француските власти кои очајно и со денови се обидуваат да го спасат китот белуга што во моментов е заглавен во реката Сена, сега ќе се обидат да го извлечат со помош на витамински коктел, јавува „Би-Би-Си“.
Според Француската новинска агенција (АФП), спасувачите се надеваат дека на овој начин ќе му помогнат на сега загубениот кит да си ја поврати енергијата за да исплива назад во неговото оригинално живеалиште.
Видно ослабениот 4 метарски кит во реката прв пат беше забележан во вторникот на околу 70 километри северно од Париз.
По неуспешните обиди да го охрабрат да исплива од реката, активистите за животни и научниците почнаа да се грижат за неговото здравје бидејќи китот со денови ја одбива храната што му ја даваат.
„Животното е сосем изнемоштено и се чини како да има проблеми со апетитот“, изјавила за АФП локалната активистка Изабел Дордлет-Пузет.
Надлежните се надеваат дека по инјектирање со витамини ќе му се стимулира апетитот и ќе му помогне да исплива 160 километри назад кон каналот Ла Манш, а потоа кон Арктикот во неговото природно живеалиште.
Сепак, беше разгледувана уште една опција, односно китот целосно да се отстрани од реката, но ова ќе значи дека животното мора да собере доволно сила за уште по ризично патување.
Во саботата беше пријавено дека се забележани малечки точки на кожата на китот, за чија појава сѐ уште не е јасно дали е реакција на слатката вода на Сена што е спротивно солената во неговото природно живеалиште или се работи за влошено здравје.
Експертите се збунети како китот успеал да исплива толку далеку од своето живеалиште, односно студените води на Арктикот. Иако, китовите белуги повремено се осмелуваат да испливаат кон југ наесен за да се нахранат со мраз, сепак е вистинска реткост е да патуваат толку далеку од местото каде живеат. И покрај тоа, ова не е единствен ниту прв ваков случај.
Во мај годинава беше пронајден мртов кит-убиец кој ја препливал реката Сена во Нормандија.
Во 2019 мртов кит беше пронајден во реката Темза блиску Грејвсенд, а ова се случи само неколку недели откако во истата река беше пронајден грбав кит кој веројатно се нашол во реката поради навигациска грешка.