На граѓанските иницијативи им се лепат етикети, стравот е голем, а граѓанинот замолкнат, вели активистот Петрит Сарачини, за кого токму поради овие причини, нема масовност на протестите кои се случуваат последниве години.
„Културата на протести може да вирее во бројки, но нема масовност. Во Македонија е многу присутен стравот. За жал лугето што ја водат нашата држава, но и сите претходни влади, многу добро и вешто манипулираат со оваа емоција на лугето. За контрапротест е лесно, кога државата стои зад тебе, нема од што да се плашиш“, забележува Сарачини кој сепак уверува дека во земјава повеќе од било кога има простор за активизам и промени.
„Простор за активизам има секогаш кога институциите не си ја вршат докрај работата која што треба. Што повеќе и подобро работат институциите, помалку работа има за неформалниот и граганскиот сектор. Таму каде што има празен простор, мора да го пополнат граѓаните со своите иницијативи и активности“, вели Сарачини за Радио МОФ.
Целиот разговор може да го погледнете во видеото.