Интересни предмети изработени од хартија и најлонски кеси, поставени на повеќе локации низ градот ги изненадија тетовци.
Идејата за нивно поставување дојде од членовите на Медиа/арт клубот на МОФ од Тетово кои по успешно спроведената работилница за употреба на стариот отпад се впуштија во акција.
Сите реквизити беа изработени од стар отпад. Пораките кои се испишани на реквизитите се однесуваат на заштита на околината и подигнување на свеста на граѓаните. Дел од пораките кои се пренесуваат се однесуваат на поголема толеранција помеѓу учениците, меѓуетнички соживот, подобри услови во средните училишта.
Кон акцијата се приклучија и дел од граѓаните на Тетово кои напишаа свое мислење за пораките на реквизитите.
Задоволни од акцијата, членовите на клубот се надеваат дека ваквите пораки ќе придонесат кон поголема видливост на проблемите и ќе допрат до пошироката група на граѓани.
Бобан Костадиновски