Утре (21 ноември) од 11.30 на паркингот пред влезот на тврдината Скопско кале ќе се одржи акцијата „Солидарен оброк“, каде што сите посетители ќе можат да купат храна што ќе биде донирана на сиромашните. Акцијата ја организира Црвениот крст на Македонија со помош на „Факултети“ и „Лице в лице“.
„Сакате ли да помогнеме на луѓето кои не се во можност да си обезбедат ниту еден оброк во денот? Помогнете ни заедно да успееме во тоа!“, повикаа организаторите.
Притоа ќе биде поставен голем шатор со штандови на локалите кои се вклучија во акцијата „Солидарен оброк“, а каде и редовно може да се купи ваков оброк за сиромашните.
Настанот ќе трае до 12.30 часот, а ќе настапат и повеќе улични бендови, но е уличен свирач кој е бездомник. Посетителите ќе видат и изложба на фотографии на Томислав Георгиев, а продавачи на „Лице в лице“ ќе го продаваат актуелниот број на магазинот, кој е со тема бездомништво. Волонтери на Црвениот крст, на присутните ќе им делат приказни на бездомник и насоки како може да му се помогне.
„Солидарен оброк“ се реализира во Македонија веќе половина година.