Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
23-годишната кумановка Алберие Џемаили кон крајот на летото беше избрана како еден од претставниците на младите од Северна Македонија и Западен Балкан, од мрежата на млади Европски амбасадори. Во интервју за Радио МОФ, таа говори за животот на младите во земјава, предизвиците кои ги наметна пандемијата, потребата од активизам и заштита на животната средина, нешто за што лично вистински се залага.
Кон крајот на летото бевте избрана за претставник на младите од Северна Македонија и Западен Балкан од мрежата на млади Европски амбасадори. Каква е оваа функција и кои се обврските во следните три години?
Како претставник на младите во ранг на дипломатско аташе, се чувствувам привилегирана што имам извонредна можност да носам вредности и обврски од големо значење за нашата држава, но и за зачувување на најмоќните државни кадри – а тие се нашите млади лица. Обврските се многу јасни и имаат за цел постепено менување во целиот Западен Балкан. Функцијата е директно поврзана со активноста и проектите во различни области како што се културата, животната средина, активизмот, итн. Ние ќе бидеме обврзани да организираме најмалку два настани годишно, организирани и спроведени од YEA мрежата на млади амбасадори на Западен Балкан од Европската унија. При тоа, ќе имам можност да учествувам на конференции и дебати за актуелни прашања што ја засегаат Северна Македонија, ќе имам пристап до избрани културни настани во рамките на ЕУ и регионот на Западен Балкан. За време на мандатот, младите луѓе избрани за претставници, исто така, ќе имаат можност да учествуваат во студиски посети на Брисел или други земји во рамките на ЕУ и Западен Балкан. Како дел од мрежата на млади претставници на ЕУ ќе помогнеме во организирање на настани на ЕУ и учество во нив, во спроведување на креативни и социјални проекти како што се: теми на ЕУ, вредности на ЕУ, настаните на ЕУ и разновидноста во начинот на животот на младите луѓе кои се фокусирани кон Европската унија и Западен Балкан.
Велите дека животната средина ви е тема од посебен интерес. Факт е дека загадениот воздух е сериозен проблем, се протестира против мали хидроцентрали, против рудниците… Колку сте задоволни од тоа како македонските граѓани и институции ја заштитуваат животната средина?
Имајќи предвид дека еден од најголемите актуелни проблеми на глобално ниво е загадувањето на животната средина, мислам дека Северна Македонија како мала земја има минимален капацитет за подобрување на инфраструктурата на животната средина. Воопшто не сум задоволна од минималните институционални и граѓански напори да се направат промени во земјата. Граѓаните соочени со егзистенцијални проблеми, не сакаат ни да знаат за проблемите поврзани со животната средина, а камо да размислат за иднината на планетата, па мислам дека со помош на ЕУ и виталните и идеолошките иницијативи што ги покренав ќе успееме да ја подобриме ситуацијата многу.
Друга тема на интерес ви е младинскиот активизам. Колку со својот личен пример се обидувате да покажете дека младите може да делуваат и да направат промени – во својата средина, во градот, во државата во која живеат?
Мислам дека мојот ангажман како активист и млада жена која ќе помогне, мотивира и ја промовира работата на младите е неопходна и многу ефикасна. Секогаш кога ќе видам млади луѓе кои сакаат да ја напуштат земјата поради недостаток на институционална одговорност за задржување на младите, ги охрабрувам младите да се вклучат во меѓународни проекти и иницијативи за да се гледа дека и тие се дел од процесите кои се од голема важност и дека и тие се достојни да направат промени во земјата. Темите и перспективите што веќе ми се познати, ги споделувам како информации, им нудам канали за идеи, стипендии, лидерски активности и други иницијативи кои имаат за цел да ја подобрат актуелната состојба. Мислам дека имаме многу способна, витална и подготвена младина за да спроведеме витални проекти и иницијативи. Ме радува овој факт затоа што нема ништо подобро од тоа да работиш со млади луѓе кои се способни и соодветни за заедничка работа.
Голем дел од младите сметаат дека колку и да се обидуваат, пишуваат петиции, протестираат, се вклучуваат во невладини…тешко доаѓа до промена. Колку младите навистина можат да направат промени?
Политичките случувања и поларизираните кругови на нашите лидери се голема демотивација за овие млади луѓе. Политичките притисоци, непотизмот, олигархијата и криминалот се елементи кои сè уште се присутни во Северна Македонија и во начинот на донесување на политичките одлуки – а кои всушност се директно поврзани со иднината на младите во земјата и регионот. Мислам дека треба континуирано да работиме со сите општествени структури што ги имаме за да се бориме против овие појави и да постигнеме суштински промени на истите. Се разбира дека ова влијае многу лошо врз енергијата и напорите на младите луѓе што се вложуваат денес, сепак мислам дека сме многу блиску до позитивни резултати. Не беше лесен патот за да стигнеме до тука, но да се стигне до вистинскиот стадиум никогаш не треба да згаснат надежите за поубави денови. Како што реков, повторно ќе кажам „ИМАМЕ ГЛОБАЛНИ ВРЕДНОСТИ ТОЛКУ КОЛКУ ШТО И СЕ ПОТРЕБНИ НА ЗЕМЈИНАТА ТОПКА“, но таквите промени треба да ги направиме тука, бидејќи промените првин почнуваат од нас самите и опкружувањето. Јас сум целосно убедена дека еден ден ќе се чувствуваме горди како младина за секој вложен напор и бариера.
Пандемијата дефинитивно го промени животот на сите, а младите беа меѓу најпогодената група. Колку сите овие промени влијаеја врз тебе, и колку пандемијата дополнително го отежна животот на младите?
Како личност секогаш сум била „кодифицирана“, се нареков вака затоа што моите долгорочни и краткорочни планови, кои зависеа од мојата позиција и реалниот потенцијал, беа приоритетни и добро етаблирани. Но, тука би сакала да застанам и да истакнам еден факт кој е директно поврзан со младите – понекогаш работите не можат да одат како што сакаме и како што планираме, но никогаш за ништо не треба да се разочараме. Доволно е да се работи со висок фокус кон следниве цели, бидејќи универзумот секогаш работи за оние кои споделуваат енергија. Така беше и со мене, додека бев на магистерски студии чиј студии ги завршив со одличен успех, се пријавив по втор пат на програмата студентска размена Еразмус во Љубљана, Словенија. Иако се подготвував да одам таму, бев вклучена и во многу активности и угледни училишта во земјата и странство, каде ја искористив можноста да работам како асистент на еден проект на работно место со скратено работно време во Македонија. Мојата работа беше да асистирам повеќе во училишта, но откако почнав со работа, настана и пандемијата и пропадна се, дури и плановите во Љубљана. И оттогаш пишував, читав, ги следев научните истражувања во врска со ситуацијата COVID-19, и гледав нови проекти и иницијативи за тоа како да најдам ново работно место. Реално немав потреба да најдам работа веднаш, но не сум научена да чекам. Имаше моменти кога размислував многу негативно, размислувајќи за последиците од вирусот COVID-19, смртните случаи, финансиските загуби и сл. Од друга страна, ме иритираше фактот дека како една млада жена како мене, со богато меѓународно и национално искуство, може да биде без работа? Иако имав аплицирано на 30 работни места, во некои случаи добивав и негативен одговор, додека во некои воопшто не добивав одговор. Од сето ова досегашно искуство со вирусот COVID-19, колку случајно толку и штетно, работев напорно и континуирано во развивање на моите вештини во спортот, готвењето, странските јазици, читањето итн. Случајно го видов огласот за млади амбасадори што го промовираше Европската унија и по еден месец кампања еве каде сум денес. И покрај овие негативни искуства како последица на COVID-19, сепак моите долгогодишни напори се крунисаа со успех. Можам да кажам дека вирусот COVID-19 го направи своето, а јас моето.
Каде ја гледаш твојата иднина и во каква држава сакаш да живееш?
Јас не мислам дека моментално Северна Македонија е идеална земја за младите да ги оживотворат своите соништа, но силно верувам дека таа ќе биде идеална земја во иднина. Идеална земја што секогаш ја земам како пример е Шведска. Оваа лична анализа е прашање на вкус, но ваквата анализа доаѓа како резултат на мерењата/проценките во секој аспект од животот што таа држава им ги обезбедува на своите граѓани. Јас сум поборник за човекови права, се борам против секоја неправда како и кога наидувам на отстапувања и дискриминација на луѓето. Јас не го правам ова само кога спроведувам активности или проекти, јас се држам до овие ставови во секој поглед, секој ден во местото каде што живеам. Ми пречи селективната правда во Северна Македонија, ми пречат предрасудите и затоа ја зедов Шведска како пример за идеална земја од моите соништа. Треба да се обожаваат заштитата на животната средина, финансиската сигурност и начинот на живеење во Шведска.
Што би им порачалe на своите врсници?
Имам бесконечни пораки за моите врсници, бидејќи проблемите што ги имаат се од различна природа. Отсекогаш сум мислела дека основните проблеми доаѓаат од недостаток на финансиска независност, особено кај младите. Работата и финансиското задоволство се основни елементи за тоа како тие сакаат да живеат, како ги толкуваат и живеат своите слободи и права, но исто така се и клучот за студиите или напорите што ги вложуваат. Така што, мојата порака за нив би била „Секогаш да ги следат соништата, да изнајдат нови можности, да одат во странство можеби да постигнат некоја цел, но повторно да се вратат тука и да работат за остварување на нивните соништа, затоа што еден ден, каде и да се наоѓаат, мислам дека би се фрустрирале кога би се потсетиле на нивните искуства, бидејќи како резултат на неостварените соништа во својата земја, размислуваат секогаш негативно, бидејќи тие се откажале од својот труд, и некој друг е на нивно работно место без заслуга“. Значи, вложувањето на напори, соништата, фокусот, самодовербата ги поттикнуваат нив да одат напред, овие елементи ме поттикнале и мене кон упсехот, или кон храбрите чекори…
Ј.Ј.
-
Alberie Xhemaili, ambasadore rinore: Ne jemi gjeneratë e shpresave dhe mundësive
Në fund të verës, 23-vjeçarja Albërie Xhemaili nga Kumanova u zgjodh si një nga përfaqësuesit e të rinjve nga Maqedonia e Veriut dhe Ballkani Perëndimor, nga rrjeti i ambasadorëve të rinj evropianë. Në intervistë për Radio MOF, ajo flet për jetën e të rinjve në vend, sfidat të cilat i imponoi pandemia, nevojën për aktivizëm dhe mbrojtjen e mjedisit jetësor, diçka për të cilën ajo personalisht angazhuar shumë.
Kah fundi i verës, ajo u zgjodh përfaqësuese e të rinjve nga Maqedonia e Veriut dhe Ballkani Perëndimor nga rrjeti i Ambasadorëve të rinj Evropianë. Çfarë është ky funksion dhe cilat janë përgjegjësitë tuaja në tre vitet e ardhshme?
Si përfaqë suese e të rinjë ve në rangun e Atashesë Diplomatike ndjehem e privilegjuar që do të kem mundësi të jashtëzakonshme të mbartë vlera dhe obligime mjaftë madhore me rëndësi të veçantë për shtetin tonë por edhe për ruajtjen e kuadrove më të fuqishme shtëtrore- e që janë rinia e jonë .
Angazhimet janë shumë të qarta dhe synojnë ndryshime graduale në gjithë Ballkanin Perëndimor. Funksioni lidhet drejtë pë rdrejtë me aktivitetin dhe projektet në fusha të ndryshme si culture, mjedis, aktivizë m,etj.Ne do të jemi të obliguar që të organizojmë minimalisht dy ngjarje në vit, të organizuara dhe implementuara nga rrjeti YEA I ambasadorë ve të rinjë për të rinjtë në Ballkani Perëndimor nga Bashkimi Evropian. Gjithashtu do të kem mundë sinë të marr pjesë në konferenca dhe debate për çështje aktuale që e tangojnë Maqedoninë e Veriut, qasje në ngjarjet e zgjedhura kulturore brenda BE-së dhe rajonit të Ballkanit Perëndimor. Gjatë mandatit gjithashtu të rinjtë e përzgjedhur si pë rfaqë sues do të kenë mundësi që të marrin pjesë në vizitat studimore në Bruksel, ose vende të tjera brenda BE-së dhe Ballkanit Perëndimor. Ne si pjesë e rrjetit të përfaqësuesve të rinjë të BE-së do të ndihmojmë i në organizimin dhe pjesëmarrjen në ngjarjet e BE-së ,në projekte krijuese dhe sociale sic janë : temat e BE-së, vlerat e BE-së, ngjarjet e BE-së dhe larmia në stilin e jetës së të rinjve duke u përqëndruar në Bashkimin Evropian dhe Ballkanin Perëndimor.
Thoni se ajo që është me interes të veçantë për ju është mjedisi jetësor. Fakti është se ajri i ndotur është një problem serioz, ka protesta kundër hidrocentraleve të vegjël, kundër minierave … Sa jeni të kënaqur me mënyrën se si qytetarët dhe institucionet maqedonase e mbrojnë mjedisin jetësor?
Duke qenë se një ndë r problematikat më të më dha aktuale në nivel global është ndotja e ambientit mendoj se Maqedonia e Veriut si vend I vogë l ka kapacitete minimale pë r ta përmirësuar infrastruktur n e mjedisit . Jam plotë sisht e pakë naqur nga pë rpjekjet minimale institucionale dhe qytatere për të bërë ndryshime në vend. Qytetarë t nga problemet e tjera më të thella egzistenciale, as që duan ta dijnë pë r problemet e ambientit,e lë re të mendojnë pë r të ardhmen e planetit Andaj mendoj që me ndihmë n e BE-së dhe iniciativave vitale dhe ideore që kam ngritur dhe synoj që të arrijë do të pë rmirë sohet gjendja shumë .
Temë tjetër me interes për ju është aktivizmi rinor. Sa përpiqeni të tregoni me shembullin tuaj personal që të rinjtë mund të veprojnë dhe të bëjnë ndryshime – në mjedisin e tyre, në qytet, në vendin në të cilin jetojnë?
Mendoj që veprimtaria ime si aktiviste dhe e re që do të ndihmojë , të motivojë dhe promovojë punën e të rinjëve ka qenë e nevojshme dhe shume efektive . Une gjithmonë kur shoh të rinjë që duan të ikin dhe të lagohen nga vendi përshkak të mungesë së pë rgjegjësisë institucionale për ta mbajtur të motivuar dhe të angazhuar kuadrin e të rinjë ve, i inkurajoj të rinjtë që të kyqen në projekte dhe iniciativa ndërkombëtare për të parë se edhe ata janë pjesë e proceseve madhore dhe se edhe ata janë të denjë për të arritur ndryshime në vend. Temat dhe perspektivat që tashmë i kam të njohura, i ndaj si informacione dhe I ofroj me interest e tyre , ju ofroj kanale pë r ide, bursa aktivitete lidershipi dhe iniciative të tjera që synojnë pë rmirë simin e gjendjes aktuale. Mendoj që kemi nje rini shume të shkathtë , vitale dhe të gatshëm për të deleguar projekte dhe inciative madhore. Ky fakt me gë zon shumë sepse nuk ka më mirë se të punohet me kuadro të rinjësh të aftë dhe të pë rshtatshëm për bashkë punime.
Shumë të rinj mendojnë se pa marrë parasysh sa përpiqen, shkruajnë peticione, protestojnë, përfshihen në organizata joqeveritare … është e vështirë të ndodhë ndryshim. Cili është qëndrimi juaj, sa të rinjtë mund të bëjnë vërtet ndryshime?
Zhvillimet politike dhe qarqet e polarizuara të liderëve tonë janë nje demotivim i madh për këta të rinj .Presionet politike, nepotizmi, oligarkia dhe kriminaliteti janë elemente që janë prezentë ende në Maqedoninë e Veriut dhe në më nyrë n se si arrihen vendimet politike- e që në fakt lidhen drejtë përdrejtë me të ardhmen e të rinjë ve në vend dhe rajon.Mendoj që në kontinuitet duhet punuar me gjithë strukturat shoqë rore që kemi për ti luftuar këto fenomene dhe për të arritur ndryshime rrë njësore të kë tyre fenomeneve. Natyrisht që kjo ndikon shumë keq në energjinë dhe pë rpjekjet e të rinjëve që bëhen sot, megjithatë mendoj që jemi shumë afë r rezultateve pozitive. Deri kë tu ku kemi arritur nuk ka qenë e lehtë , por për të arritur stad të duhur asniherë nuk duhet të shuhen shpresat për ditë më të bukura. Ashtu siç e theksova do ta them përsë ri “ KEMI VLERA GLOBALE AQ SA I NEVOITET GLOBIT “ por kë to ndryshime duhet ti bë jmë këtu ku jemi sepse ndryshimet fillojnë nga vetvetja dhe rrethi. Jam plotë sisht e bindur se një ditë do të ndjehemi krenar si rini për çdo pë rpjekje dhe barrier ë që kemi patur.
Pandemia patjetër ndryshoi jetën e të gjithëve dhe të rinjtë ishin ndër më të goditurit. Sa ju ndikuan të gjitha këto ndryshime dhe sa e bëri pandemia edhe më të vështirë gjetjen e punës, arsimimit dhe në përgjithësi jetën e të rinjve?
Si person gjithmonë kam qenë “ e kodifikuar” e quajta kështu veten sepse planet e mija afatgjate dhe ato afatshkurte që janë varur nga pozita dhe mundë sitë e mija reale, kanë qenë të prioritizuara dhe te etabluara mirë . Por kë tu do të doja të ndalesha dhe të theksoja edhe një fakt e që lidhet drejtëpërdrejtë me të rinjtë : nganjë herë gjë rat nuk mund të shkojnë ashtu siç ju dë shirojmë dhe ashtu siç planifikojmë , por që nuk duhet të dëshpë roheni asnjë herë në asnjë gjë.Mjafton të punohet drejtë qëllimeve në vijim me një fokus të lartë , sepse universi gjithmonë punon pë r ata që ndajnë energji.
Ashtu ishte edhe me mua, ndërsa bëja studimet e masterit duke përfunduar me një sukses të lartë , aplikova për të dytën here për programin Erassmus për shkëmbim studentor në Ljubljanë /Slloveni. Ndonë se përgatitesha për të shkuar atje, isha gjithashtu e kyçur në shumë aktivitete dhe shkolla prestigjoze në vend dhe jashtë , ku përfitova një mundësi që të angazhohem si asistente e një projekti me pozitë punë part time në Maqedoni. Puna ime ishte që të asistoja më tepë r në shkolla por ja që sapo fillova me punë , filloi edhe pandemija dhe gjithcka perë ndoi, madje edhe planet e Ljubljanë s .Prej atë herë kam shkruar, lexuar, pë rcjellja zhvillimet shkencore në lidhje me situatë n COVID19, dhe shikoja projekte të reja dhe iniciativa se si të gjeja një punë të re. Realisht nuk kam pasur nevojë immediate që të punoja, por natyra ime nuk ë shtë më suar që të pres .Kishte momente që mendoja shumë negativisht duke menduar në pasojat e virusit COVID19, vdekjet, humbjen finansiare etj pë r njerë zimin. Në anë n tjetë r më irritonte fakti se si një e re si unë që ka mbi 50 pë rvoja ndë rkombë tare dhe kombë tare mund të ishte pa punë ? Ndonë se kisha aplikuar në 30 vende pune, në disa raste kaloja fazat dhe merrja një përgjigje negative, kurse në disa nuk merrja përgjigje fare. Nga gjithë kjo përvojë e deritanishme me virusin COVID19, sa rastë sore aq edhe e dëmshme, kam punuar fortë dhe në vijimë si për të zhvilluar aftësitë e mija në sport, gatim, gjuhë të huaja,lexim etj. Në më nyrë rastë sore pashë konkursin pë r Ambasadorë t e Rinjë që Bashkimi Evropian promovonte dhe pas një muaji fushatë ja ku jam sot, mbi gjithë këto pë rvoja negative që COVID19 kishte përgatitur për mua, u kurorë zuan sukseset për të cilat kam punuar me vite të tëra. Mund të them që virusi COVID19 e bëri përvojën e vet megjithatë unë kam berë timen.
Ku e sheh të ardhmen tënde dhe ën cilin shtet dëshiron të jetosh?
Nuk mendoj që në bazë të vlerë simeve Maqedonia e Veriut është vendi ideal I të rinjë ve pë r ti jetësuar ë ndrrat, por që do të jetë në të ardhmen kam një besim të fortë . Në vendet ideale që gjithmonë marr si shembull ë shtë Suedia. Kjo analizë personale ë shtë normal ceshtje shije pork jo vjen edhe si pasojë e matjeve në cdo aspket jetë sor që I siguron shtetasve të vet. Jam një avokate e të drejtave të njeriut, luftoj çdo padrejtë si kur has mbi devijime dhe diskriminime ndaj njerëzve.Këtë nuk e bë j vetëm në aktivitete në projekte, këto qëndrime i mbaj në çdo ditë të vetme në rrethin ku jetoj në çdo kontekst….
Më pengon drejtësia selektive në Maqedoninë e Veriut, më pengojnë paragjykimet dhe prandaj mora si shembull Suedinë si shtetin ideal të ëndrrave të mia.Pastaj mbrojtja e ambrientit, siguria finansiare dhe mënyra e jetesës në Suedi, janë për tu adhuruar.
Çfarë do tu kishe thënë moshatarëve tënd?
Mesazhe për moshatarët e mi kam pafund, sepse vet problematikat që kanë janë të natyrave të ndryshme. Unë gjithmonë kam menduar se problemet bazë vijnë nga mungesa e pavarë sisë finansiare e sidomos tek të rinjtë . Puna dhe satisfaksioni finansiar janë elemente bazike e më nyrës se si ata duan të jetojnë , më nyrë se si i interpretojnë dhe i jetojnë liritë dhe të drejtat e tyre, por edhe çelësi kryesor për studimet apo mundin që e ndajnë . Andaj për mua fjalë e fundit dhe mesazh për ta do të ishte që “Gjithmonë ti ndjekin ëndrrat, të gjejnë mundësi të reja, të ikin të punojnë jashtë Maqedonisë ndoshta për ta arritur një që llim por të kthehen pë rsëri këtu dhe të punojnë pë r ë ndrrat e tyre, sepse një ditë kudo që do të ishin mendoj që do ti frustronte Maqedonia kur do ta kujtonin mbi pë rvojat sepse janë pra ëndrrat e parealizuara këtu që i lënë gjithmonë të mendojnë negativisht, është dikush që u ja ka zënë vendin e punës në më nyrë jomeritore sepse kanë hequr dorë nga përpjekjet e tyre”.
Pra pë rpekje, ëndrra fokus dhe vetëm vetëbesim- këtoi shtyejnë përpara ata, këto elemente më kanë shtyer edhe mua gjithmonë drejtë sukseseve, apo hapave të guzimshë m …
J.J.