Албинизам

АлбинизамАлбинизмот  ( латински: albus –бел) се вбројува во групата на ретки болести на кожата, очите и косата, која се јавува поради недостиг на пигментот меланин.  Албино луѓето се сензитивни кон изложеност на сончева енергија, а како резултат на ова кај нив има поголем ризик за рак на кожата. Постојат повеќе видови на албинизам , но заедничка карактеристика на сите типови е проблемот со видот, исто така  последица од отсуството на меланин. Се карактеризира со нистагмија (присилно движење на очите напред-назад) ,страбизам (неможност двете очи да останат насочени кон иста точка), фотофобија (сензитивност на светлина), неможност за гледање на далечина.

Албинизмот претставува рецесивно наследување, што  значи дека за личноста да ја добие оваа болест мора да наследи две копии на мутираниот ген ( по еден од секој родител).  Болеста не е пренослива на друг начин, па можеме да установиме дека албино луѓето се безопасни за средината, без ограничување во интелектуалниот развој, но сепак често се социјално изолирани и дискриминирани. Најчесто луѓето со албинизам се нарекувани со разни погрдни имиња, малтретирани  преку поставување на невкусни прашања во однос на нивниот изглед.

Поради различоста од другите  во семејството и во поширока смисла општеството, во многу места во светот се чувствуваат како изроди или се третирани како такви. Некои мислат дека се доселеници од некои земји каде белата популација е позастапена (Норвешка, Холандија, Русија итн),  па не ги прифаќаат како свои сограѓани. Најсмешен е фактот што албинистите ги поистоветуваат со алпинисти (бидејќи зборовите се пароними). Сите овие предрасуди придонесуваат кон социјална изолираност,страв и несамодоверба кај албинистите.

АлбинизамМитовите за албино популацијата можат да предизвикаат напријатни последици за нив, бидејќи кај одредени народи се смета дека напивките направени од крвта и телото на албино луѓето носат среќа и енергија. Други пак  прават  амајлии од некои делови од телото бидејќи сметаат дека тоа е извор на богатство и просперитет. Така на пример, во Танзанија собирачи на албино тела го нападнале 7-годишното момче  Мвигули Магеса и му ја исекле раката, само поради белата пигментација.  Во Зимбабве ги силуваат бидејќи мислат дека лечат од ХИВ. Тука  се сметало дека албино децата се раѓаат од секс помеѓу жена и вампир, некои од нив ги сечеле на пола, а додека други ги учеле да истеруваат вампири (мислеле дека имаат способност да гледаат вампири поради тоа што светлите очи при определено осветлување се перцепираат како црвени).

За среќа, денес ваквите суеверија се надминати. Од албинизам боледува  маникенката Тандо Хопа која вели дека некои ја гледаат како среќа , а други како малер. Од познатите кај нас оваа болест ја има Александар Русјаков , еден од сценаристите и режисерите на анимираната серија “Еднооки”.  И уште еден интересен факт за ова заболување  е тоа што албинизмот се јавува и кај животни и растенија.

Магдалена Новеска – Медиа/Арт клуб Тетово