Во 2013, годината во која продолжи падот на продажбата на музичките албуми во Соединетите американски држави, најпродаван бил албумот на Justin Timberlake, „The 20/20 Experience“, единствено издание чија продажба надминала 2 милиони копии (2.430.000). Со ова, тоа е најслабо продаваниот албум кој бил на врвот на листата на магазинот Billboard во последните 22 години. Што се однесува до сингловите, најпродавана песна е „Blurred Lines“ на Robin Thicke, која е продадена во околу 6.5 милиони копии.
Меѓу десетте најпродавани албуми во 2013 во САД се најдоа и: “The Marshall Mathers LP 2” на Eminem (1.73 милиони копии), “Crash My Party” на Luke Bryan (1.52), “Night Visions” на Imagine Dragons (1.4), Bruno Marx со “Unorthodox Jukebox” (под 1.3 милиони, Florida Georgia Line со “Here’s to the Good Times” (1.35), Drake со “Nothing Was The Same” (1.34), “Beyonce” (1.3 милиони), Blake Shelton со “Based on a True Story” (1.11), и Jay Z со “Magna Carta…Holy Grail” (1.1 милион).