Александар Николовски реизбран за претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ

Александар Николовски е реизбран за претседател на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по пат на тајно гласање на Собранието на седница одржана вчера (16 октомври).

Новиот претседател го искористи правото на реизбор и по вторпат ќе раководи со Собранието.

Покрај него беа избрани и 9 сенатори од редовите на УСС што ќе ги претставуваат студентите во Сенатот на Универзитетот:

  • Филип Петковски – Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
  • Слободан Панајотов – Факултет за физичко образование, спорт и здравје
  • Ивона Тодорова – Правен факултет
  • Ангела Василевска – ФИНКИ
  • Никола Ѓоргиев – Факултет за музичка уметност
  • Зорица Бојаџиева – Технолошко-металуршки факултет
  • Доротеа Камчевска – Педагошки факултет
  • Иван Трајковски – Економски факултет
  • Филип Калаџиски – Медицински факултет.

Николовски за првпат беше избран за претседател на почетокот на ноември минатата година.

Тој е моментално на магистерски студии по економски науки од областа на монетарна економија, финансии и банкарство на Економскиот факултет. Кандидатурата и биографијата на Николовски може да се погледне на следниов ЛИНК.