Приказната на AllWeb, единствената конференција посветена на дигитален маркетинг во Македонија, продолжува четврта година по ред. Повеќе од петнаесет говорници на 13 ноември ќе застанат на сцена да ги пренесат своите искуства и совети за тоа како комуникацијата на интернет може да се претвори во поддршка на бизнисот.
„Сакаме на нашите компании, организации и претприемачи да им го доближиме начинот на кој глобалните и регионалните компании ги интегрираат дигиталните комуникации во сопствените бизнис стратегии.Од година во година се обидуваме да опфатиме повеќе теми од различни аспекти, па затоа и самата програмата е динамична, со голем број различни луѓе на сцената“, вели Дарко Булдиоски, од NewMediaMK кои се организатори на конференцијата.
Оваа година на AllWeb ќе се зборува за веб аналитика и повраток на инвестиции, огласување на социјални медиуми и маркетинг преку содржина. Меѓу говорниците се и Пол Пападимитриу основачот и домаќин наThe Digital Loop и ко-домаќин на најважната европка конференција за технологија LeWeb, Павел Коленда од IABПолска, како и Владимир Вулиќ од digitalizuj.me.
Влезниците за конференцијата веќе се пуштени во претпродажба на официјалната веб страница.Првите триесетмина ќе имаат можност да купат влезница по исклучително намалена цена.