Наставничката Кеиша Торп, која едуцирала и менторирала ученици имигранти од сиромашни семејства, е добитник на овогодишната Светска награда за најдобар наставник.
Торп, која доаѓа од американската сојузна држава Мериленд, предава во Меѓународното средно училиште „Ленгли Парк“. Таа покрај признанието, кое вчера и беше врачено во седиштето на УНЕСКО во Париз, ќе добие и парична награда во вредност од еден милион долари.
Торп во својот говор потенцираше дека образованието е човеково право и дека сите деца треба да имаат пристап до него.
„Ја посветувам оваа наградата на секое едно момче и девојче црнче кое изгледа како мене. И на секое дете во светот кое се чувствува маргинализирано и има приказна како мојата и се чувствува безначајно“, рече Торп.
Торп е наставничка 17 години. Покрај нејзините секојдневни наставнички обврски, таа предводи и повеќе хуманитарни организации кои помагаат на деца бегалци и имигранти во пристап до образование, а истовремено и помага на народните кујни.
„На секое дете му е потребен предводник, возрасен кој никогаш нема да се откаже од него. Затоа наставниците се толку важни“, додаде таа.