Американската влада поднесе нова тужба против ТикТок, пишува „АлЏезира“. Владата на САД ја обвини кинеската компанија дека незаконски собира податоци за деца.
Министерството за правда соопшти дека практика на таа социјална мрежа е „масовно“ да навлегува во приватноста на децата.
Официјалните лица рекоа дека ТикТок и матичната компанија БитДенс се „повторливи престапници“, бидејќи сличен случај беше поднесен во 2019 година.
Од ТикТок соопштија дека проактивно ги отстраниле малолетните корисници и доброволно поставиле заштитни мерки, како што се ограничувањата на времето поминато на екранот и дополнителната заштита на приватноста за малолетниците.