Американски град случајно ја продал својата водена кула, откако во април минатата година, бизнисмен во градот Бруксвил, Флорида за 55.000 долари купил општинска зграда, со цел да ја претвори во теретана, пренесува „Данас“.
Меѓутоа, кога бнизнисменот Боби Рид отишол во окружната администрација за да ја пријави својата нова деловна локација, му било кажано дека ја купил целата парцела, која ја вклучува и кулата за вода.
За среќа на градот, Рид бил подготвен да ја врати градската водена кула.
Регистарот на окружната администрација покажува дека минатиот месец тој ја вратил водената кула на градот кој брои 8.500 жители.
„Не знам кој е виновен“, рече Блејк Бел, член на градскиот совет.
„Ние сме само членови на Советот и се потпираме на градскиот управител. Претпоставуваме дека тој работи како што треба“, додаде тој.